Како лице од техника, особено од електротехника, сметам дека инвестирањето – сега – во фотоволтаични извори на електрична енергија во Кичево и Битола, во овие услови на Македонија претставува ГОЛЕМО ФИЈАСКО.
Ако на Македонија и’ треба инвестирање во енергетски постројки, тоа треба да бидат постројки што електрична енергија ќе обезбедуваат ЗИМЕ, кога потребата од електрична енергија и воопшто, енергија, е најголема, а во тие периоди, од фотоволтаични извори на тие локации може да се добие само НУЛА Вати-Киловат-Мегавати.
Покрај тоа, ако е вистина дека инсталацијата во Осломеј 2 ќе има капацитет од САМО 10 Мегавати, а не 100 Мегавати како што беше најавувано, тоа само ќе биде замајување дека нешто се прави, а всушност се инсталира капацитет за 90% помал од постојниот во Осломеј. Во овој момент, како алтернатива што би обезбедувала електрична енергија и ЗИМЕ се хидроелектрична централа Чебрен-Галиште – под услов да биде изградена во својата основна идеја – да биде реверзибилна, односно дење да произведува електрична енергија, а ноќе да го користи вишокот електрична енергија во системот или од увоз, за префрлање на водата од долна во горна акумулација, која, пак, би се пуштала преку ден кон долната акумулација.
Особено е важно за Македонија да се обезбеди природен гас, по можност од гасоводи од Катар или слични локации, за кој може да се очекува да биде поевтин во споредба со втечнетиот гас што би се носел од САД (и поради кој всушност е војната во Украина!!!), со чија цена Македонија би имала ОГРОМНИ ЗАГУБИ. Гасот би се користел во преправена термоцентрала во Неготино, како и за негово користење локално – во домовите и особено за потребите на стопанството. Да не се стекне впечаток дека сум против фотоволтаици!!! Фотоволтаици ДА, но по течението на Вардар. ЗА за извори на електрична енергија на ветер во Овчеполието и Штипско, каде луѓето одреден ден го паметат по тоа што тој ден не дувал ветер :)) .
Таму ветер дува особено зиме, што значи дека го имаме изворот за зиме. Но, тој извор има една огромна мана – не е во близина населена со Албанци, односно во дел од Македонија што би припаднал во дел кој би го зеле при услови на евентуално делење на земјата!
Во однос на фотоволтаици, имам решение за нивно инсталирање на стакленици во кои нормално се одгледуваат земјоделски производи, но вишокот сончева енергија, која лете “ги гори“ насадените земјоделски култури, би се користел како електрична енергија. Исто така, во светот, се’ повеќе се инвестира во огромни акумулатори со кои електричната енергија се акумулира во периоди на големо производство, а помала потреба, а се користи во периоди на зголемена побарувачка.
(името на ваторот е познато на редакцијата)