Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР и БЈБ утрово ќе ги посетат хоспитализираните полициски службеници повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието против францускиот предлог.

МВР соопшти дека во синоќешниот протест се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

Во врска со немирите кои, како што наведуваат од МВР, ескалираа пред објектот на Собранието, приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.