Не успеа обидот на Христијан Мицкоски заедно со неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците да реализираат некакво црно сценарио, велат од СДСМ.
-Мицкоски вечерва се обиде да глуми жртва на лажен напад со цел да предизвика меѓуетнички инциденти за да ги одржи во живот неговите лажни протести.
Истото го потвдди и Каевски од СДСм на вонредната прес конференција одржана по прес конференцијата на Мицкоски.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.
– Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи – истакнаа од ДУИ.
Според ДУИ, лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје.
ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.
Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа.