Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, граѓаните револтирани од францускиот предлог блокираа повеќе патни правци низ земјата.

Имено, од 13 до 14 часот блокирана беше раскрсницат кај Владата на Република Македонија, како и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Поради утрешниот празник Рамазан Бајрам кој го прославуваат верниците од Исламска вероисповед утре нема да има протести, а во недела со почеток од 19 часот најавено е за голем сенароден протест пред Владата.

Инаку, шест дена по ред во Скопје се одржуваа масовни протести против власта, за која е прифатлив францускиот предлог а кој задира во македонските национални интереси.