Претседателската на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, утре во Скопје. Запрашан што ќе и каже на утрешната гостинка која ќе се обрати во Собранието на РМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача:

Дека ова е Македонија, ова е македонски народ со своја традиција, дека ова е македонски народ кој со векови се борел за своја сопствена држава, има своја култура која што е со векови, кој говори македонски јазик и е горд затоа што говори македонски јазик и е горд затоа што е македонски народ кој живее во својата Македонија.

Тој додава дека Владата веќе го прифатила овој модифициран предлог затоа што едноставно луѓето не се грижат за македонскиот идентитет туку се грижат за својата политичка кариера, за фотелјите, за привилегиите.