Во конвојот во кој се вози американскиот претседател Џо Бајден низ Ерусалим, има дури 60 возила, јави Бета.
Десетици возила денеска поминаа околу 400 метри оддалеченост меѓу хотелот „Кралот Дејвид“, каде Бајден остана со својата придружба, до хотелот „Валдорф Асторија“.
Таму се одржа првиот денешен состанок на Бајден со премиерот на преодната израелска Влада, Јаир Лапид.
Бајден се вози во својата блиндирана лимузина „Ѕвер“, транспортирана од САД со низа други блиндирани возила за неговата придружба.
Се верува дека во Израел пристигнале и два претседателски и шест воени хеликоптери.
Повеќе улици во центарот на Ерусалим се затворени, а полицијата истакна дека настојува застојот во сообраќајот да биде што е можно помал.
Уште поголем метеж се очекува вечерва, кога ќе се отворат еврејските олимписки игри Макабија на стадионот Теди, каде учествуваат и американски спортисти, кои ќе бидат посетени од претседателот на САД.
Бајден вчера пристигна во Израел, првата станица на патувањето по Блискиот Исток, што ќе ги опфати и Западниот Брег и Саудиска Арабија.
Станува збор за прва посета на Бајден во регионот на Блискиот Исток, остако тој стана претседател.