Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Македонија да ги преземе следните чекори кон пристапувањето на Македонија во ЕУ, се вели во соопштението на Стејт депарментот.

Ги препознаваме тешките компромиси предвидени во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Македонија и македонскиот јазик.

Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија, која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, порача од САД.