За да биде одржана т.н. прва меѓувладина конференција потребно е да биде потпишан протоколот со Бугарија.
За таа цел, утре министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе отпатува во Бугарија каде што ќе треба да ги стават потписите со Генчовска на протоколот кој ни е гаранција односно влез за да се одржи првата меѓувладина конференција која всушност ќе се сведе на фото сесија.
Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија.