Протоколот е отров, вели поранешната лидерка на ДОМ Лилјана Поповска, која на се бореше за промена на уставното име на Република Македонија, кога беше во коалиција во владата на Зоран Заев.

Таа сега, како и мнозина други бивши функционери, политичари и интелектуалци има поинаков став во врска со односите со Бугарија и смета дека референдум е реално решение и ќе успее како првиот за самостојна Македонија.

Според Поповска сега е ист духот и исти луѓе или нивни потомци кои ќе го изгласаат референдумот кој го предлага опозицијата.

Поповска смета дека референдумската платформа да содржи:

Прво, НЕ за внес на Бугарите во Уставот како услов. Тоа е вграден дефект и мина во државата, за да ја разнебити одвнатре!

– Второ, НЕ за протоколот како документ, за било каква намена! Отров е! Трето, РЕВИЗИЈА на преговарачката рамка, со забелешките од ВМРО-ДПМНЕ и Демократски Сојуз, мислам истите 4 беа. Четврто, РЕВИЗИЈА на избирачкиот список. Не може да има 1.800.000 ем жители, ем гласачи. Така ќе се намали потребниот број за излезност и ќе биде реална бројка, наведува Поповска.

Поповска, како и бившиот министер Никола Димитров и многу други политичари, функционери, новинари… активно учествуваа во уривањето на „ бившиот режим“, активно работеа за Заев и Договорот од Нивици за смена на уставното име, а денес се „на другата странаод барикадите“.