Нашата прогресивната влада, предводена од СДСМ, уште еднаш одржи патриотска лекција дека прогресивните се иднината, изјави бившиот премиер Зоран Заев.

– Со Договорот од Преспа, со членството во НАТО, но и со остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија, и во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет. Со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија добиваме уште една идентитетска победа на Македонизмот, рече Заев во изјава за НоваТВ.

И повторно затрепери неговата „наџионална жичка“:

– Прогресивната влада, предводена од СДСМ, уште еднаш одржи патриотска лекција дека прогресивните се иднината. Лекција по којзнае кој пат за нашиот народ, да сфати кои се всушност заштитници на македонштината но и на иднината, вели Заев.

„Ние, прогресивниот народ на чело со СДСМ, со своите храбри и мудри политики, донесовме кандидатски статус за ЕУ, ја внесовме земјата во НАТО, ја овозможивме конечно Автокефалноста на МПЦ – ОА, ги смиривме и спријателивме етничките заедници, создадовме пријателство со сите соседи, после 17 години почнавме преговори со ЕУ, рече Заев.