Возач на автобус на ЈСП бр. 24 синоќа нападнал патник, соопшти МВР. Според информациите од полицијата, на настанот претходело недоразбирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Како што пренесе вчера „А1. он“, според сведоци на немилиот настан, патникот кој патувал заедно со својата бремена сопруга, побарале од возачот да го вклучи клима-уредот во возилото, кога тој го сторил тоа, возачот видно изнервиран започнал кавга со патникот.
Расправијата во еден момент преминала во крвничко тепање на патникот, а сведоци од автобусот велат дека возачот за раменици го фатил патникот и му ја удирал главата од прозорите. Исплашената и вознемирена сопруга откако го видела својот крвав сопруг по телефон ја информирала полицијата.
Од ЈСП објавија дека возачот по овој инцидент бил суспендиран од работното место.