Над 500 смртни случаи се евидентирани во Шпанија, поврзани со топлотниот бран што ја зафати западна Европа. Беа предизвикани разорни пожари и регистрирани рекордно високи температури.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика граѓаните да бидат многу внимателни, а објави и податоци од анализи на здравствениот институт Карлос Трети.
Тој додаде дека климатската вонредна состојба е реалност.
Според шпанскиот метеоролошки институт, овој топлотен бран може да биде најинтензивниот регистриран досега и еден од трите најдолги.