Непознат администратор денеска го сменил името на Бујар Османи на македонски јазик на англиската верзија на страницата на Википедија, па на местото на неговото име сега пишува „Бугар Османов“.
Кратко време на страницата покрај сликата пишуваше „Бугар Осамени“.
Минстерот за надворешни работи е предмет на критики во Македонија поради удоволувањето на бугарските барања па затоа некој се пошегуваа со неговото име кое доби бугарски назив.
За неполн час биле направени 12 промени на страницата на Wikipedia на англиски јазик, но сега странициата е со оргинална содржина.