Израелската армија и специјалните сили денеска водеа повеќечасовна борба со вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската полиција, а во конфликтот загинаа најмалку двајца Палестинци, наведува палестинската спасувачка служба, пренесе Бета.
Полицијата соопшти дека до судир дошло во градот Наблус во моменти кога вршеле рација и апсење, а вооружените мажи се забарикадирале во домот на осомничениот.
Според полицијата, убиени се „голем број“ вооружени Палестинци, без да се прецизира нивната бројка, а меѓу израелските сили нема повредени.
Палестинскиот Црвен крст соопшти дека во судирот во Наблус со израелската војска загинале двајца мажи и ги наведе нивните имиња.
Израелската армија соопшти за насилен протест што избувнал додека нејзините сили дејствувале во Наблус, а притоа демонстрантите фрлале експлозивни направи врз војниците и пукале во нив, на што полицијата возвратила на огнот.
Армијата продолжила со свои операции и во друг дел на Западниот Брег, каде, исто така, избувнала кратка престрелка.