Веќе има недостиг на мазут на европскиот пазар, особено во јужна Европа, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
Тој најави дека Македонија ќе се соочи со предизвик да набави мазут за производство на електрична енергија за време на престојната зима.
– Веќе има недостиг на мазут на европскиот пазар, особено во јужна Европа. Таков проблем има Слвенија. Не чека незивесна зима за снабдување со гас, кој е потребен во индустријата и за затоплување, рече Ковачевски.
Тој додаде дека е можно за време на зимата да нема и струја во доволни количини.
– Најтешката зима е поради нападот на Русија на Украина и сите проблеми кои се случија со зголемувањето на цените на нафтените деривати и струјата, која ќе ја нема во доволни количини за време на зимскиот пеирод. Тоа е заклучок на експерти со светско реноме. При ребалансот на буџетот за 2022 година ги имавме овие факти предвид и затоа со ребалансот има 76 милиони евра за антикризни мерки кои се во фаза на подготовка, рече Ковачевски.