Две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност, а шест лица се полесно повредени во сообраќајката која се случила изутрината, во 6 часот, во близина на Линц, Австрија. Во несреќата се судриле македонски автобус и товарен камион.
– Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои две лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и шест лица се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот, соопштија од МНР.
Австриските медиуми информираат дека сите повредените се згрижени во болница, а бил затворен и автопатот кон Линц.
Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.
Се уште не е познато која е агенцијата преку која патувале маедонските државјани, ниту името на превозникот на автобусот.