Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради вмешаност во бомбашки напади врз три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што загинаа повеќе од 80 луѓе.
Покрај тоа, осудени се и 19 лица на доживотен затвор поради напади врз цркви во Каиро, во Александрија и во Танта.
Исламска држава презеде одговорност за нападите во Александрија и во Танта. Во април 2017 година, пред Велигден беа изведени два самоубиствени напади при што загинаа 45 луѓе.
ИД презеде одговорност и за нападот во декември 2016 година врз капела до црквата Свети Марко во Каиро, при што беа убиени 28 лица.
Меѓу обвинетите се и осомничени за минатогодишниот напад врз контролен пункт во египетската Западна Пустина, при што загинаа најмалку осум полицајци.
Египатските христијани се на мета на исламските екстремисти во низа бомбашки и самоубиствени напади од декември 2016 година, при што се убиени над сто луѓе