Премиерката на Србија Ана Брнабиќ се огласи за ситуацијата на Косово.

Нејзината изјава ви ја пренесуваме во целост.


„Се што гледаме денес е резултат на едностраните потези на Курти. Србија не направи ништо за да ја започне оваа криза, Србите на Косово и Метохија не направија апсолутно ништо за да го предизвикаат она што го гледаме денеска. Напротив, ова е епилогот на долгогодишното малтретирање на Србите на Косово и Метохија и непочитување на меѓународните договори Претседателот Вучиќ и Србија повикуваат на мир, стабилност, поврзување и соработка, а Аљбин Курти е срамот на денешниот Балкан. Курти е човек чија единствена политика е постојано насилство и постојани провокации. Курти е тој што ги доведе работите до оваа точка – со откажување на правото на глас на Србите, со забраната за одржување избори на територијата на Република Косово, со непочитување на Бриселскиот договор и со отворено признавање дека Приштина никогаш нема да го спроведе Бриселскиот договор, како и со намерното погрешно толкување и селективно толкување на старите договори“, рече Брнабиќ.