Премиерот Димитар Ковачевски се уште е со славеничката еуфорија од Мечкин Камен, каде вчера држеше говор за тие што сакаат да го слушаат и да му ракоплескаат.
Тоа може да се види и од денешните објави на неговиот официјален профил на Фејсбук.
– Ние никогаш нема да заборавиме кои сме и од каде доаѓаме и од што сме направени, а тоа ќе е нашата сила храбро да зачекориме и да отвориме ново поглавје во македонската историја. Нека им е вечна слава на Илинденците! Нека ни е честита Слободата и Републиката!- напиша Ковачевски и додаде симболче знаменце на државата, која не ја именува ни со „подмет и прирок“, ниту со придавки и именката.
Но, јасно е, Ковачевски мисли на земјата чиј премиер е, Република Македонија.
А засега од Ковачевски нема подетална информација за тоа „од што сме направени“!?
(Д. Г.)