Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од полициските префектури ширум државата да го зголемат надзорот над црквите и мисите в понеделник, на католичкиот празник Вознесение на Богородица, бидејќи се уште постои терористичка закана.
„Би сакал вашето внимание да биде особено насочено за време на мисите, собирите, поворките на 15 август“, се вели во упатствата на Дарманен до префектурите.
Според него, високото ниво на терористичка закана бара „зголемена будност на верските места“.
Војниците од операцијата „Стражар“ исто така можат да бидат распоредени и треба да бидат видливи со улога на одвраќање, додаде францускиот министер. Таа операција беше покрената по терористичките напади во 2015 година во францускиот главен град.