Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас Бугарија.

По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите.

На 17 август државите Македонија и Бугарија на своите интеренет страници треба да ги објават веќе договорените препораки од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовани прашања. Ова го пишува во билатералниот Протокол, кој министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа на 17 јули во Софија.