Професорот Илија Велев чие писмо во кое ја критикува содржината за неколку личности кои ги договорија двете комисии предизвика големо внимание, одново се јави со реакција. Овој пат на Фејсбук во кое ја коментираа поддршката на МНР за работата на Историската комисија. Велев во писмото бара политиката во Република Македонија да ги тргне рацете од науката.
Тоа е во спротивност со секаков цивилизациски однос на денешното современо живеење, кај нас и во светот. Како да се сфати односот на македонското Министерство за надворешни работи да излезе јавно со соопштение дека, парафразирам – Министерството ја поддржува „стручноста“, компетентноста и ставовите на членовите од историската комисија. Зарем не е очигледно дека нема македонски научен истражувач или академски професор на кој потесното научно поле му е медиевистиката или класиката, а да не реагираше дека во текстовите од препораките за античката и за средновековната македонска историја и културна традиција се крајно нестручни и неточни. Во случајов, како си допуштило македонското МНР да се постави пред стручноста и компетентноста на научните и високошколските уснатови во Република Македонија без нивна консултација да „пресудува“ што е стручно и научно. Како граѓанин на Република Македонија, како Македонец, а над се како научен и академски граѓанин јавно замолувам: Да се престане со свесната или несвесната политичка тортура врз македонската наука и врз достоинствата на македонските научни и академски работници!-наведува Велев во реакцијата.