Добро бе бандо предавничка, а бе до толку ли сте забегани да го уништите и Охридскиот пливачки маратон?
Вака реагира полковник Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со соопштението од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски дека нема пари за Охридскиот маратон и првпат годинава нема да се одржи. Таква одлука донела Националната пливачка федерација годинава да не се одржи Охридскиот пливачки маратон.
Во продолжение целата реакција од Ковачки:
„Добро бе бандо предавничка, а бе до толку ли сте забегани да го уништите и охридскиот пливачки маратон?
Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил, а ти си требало само да го продолжиш? Значи никој не бара од тебе да измислуваш нешто ново, туку само да го продолжиш децениското наследство. Нели ти е срам да излезеш во јавност после ваков кикс? Па, јубилеј од 60 години требало да се прослави оваа година, ама тоа тебе и на твоите не ви е важно. Знаеш да одмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема!
Како може да има пари за прослава на ДУИ која ништо не значи и на која се исвиркува македонскиот јазик, а да нема пари за охридскиот пливачки маратон?
Стево, свесен ли си колку си грешен? Македонија немала послаб претседател на држава! Македонија нема претседател на држава“, пишува Ковачки.
Реакцијата доаѓа по објавата на шефот на државата Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план.
Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.