Новиот истанбулски аеродром нема да биде отворен до крајот на годинава, изјави директорот на аеродромот Кадри Самсунлу.
Првично беше планирано аеродромот, чиј капацитет би требало да биде околу 90 милиони патници годишно, да биде отворен на 29 октомври, на денот на прогласувањето на Турската република.
Самсунлу рече дека тој ден аеродромот само делумно ќе биде отворен.
– Големото преселување од аеродромот Ататурк го одложивме за 31 декември, рече Самсунлу.