Во соседна Грција денеска донесоа нова мерка. Државата од септември двојно ќе ги зголеми субвенциите за електрична енергија за домаќинствата и малите и средни претпријатија, на вкупно 1,9 милијарди евра.

„Актуелната војна во украина драматично ја влошува енергетската криза“, рече Министерот за енергетика Костас Скрекас. Во септември субвенциите кои ќе бидат вклучени во сметките за струја и ќе изнесуваат околу 1,9 милијарди евра и ќе апсорбираат до 94 отсто од зголемувањето на месечните сметки за струја за домаќинствата и 89 отсто од зголемувањето за малите и средни претпријатија, најави Скрекас.

Субвенциите ќе изнесуваат 639 евра за мегават час за домаќинствата, наспроти 337 евра во август.