Наталија Вовк, Украинката која ја обвинуваат дека стои зад убиството на руската новинарка 29-годишната Дарја Дугина, не е во Естонија.

Со ваква реакција излегоа естонските власти.

„Обидите на руските безбедносни служби ФСБ да ја поврзат смртта на Дугина, ќерка на Александар Дугин, влијателен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, со Естонија се провокација“, изјави Урмас Реинсалу, министер за надворешни работи на Естонија, пишува Њузвик.

Нејзиниот татко тврди дека таа била во Европа како бегалец по почетокот на војната во Украина.

„Таа беше во Европа, во Франција, како бегалец. Тоа не и се допадна и се врати во Украина преку Полска“, рекол тој.

Таткото на Наталија Вовк исто така рече дека неговата ќерка служела во вооружените сили на Украина.