Писмо по повод Денот на независноста на Украина до мојот колега – министерот Олексеј Резников, поддршка за украинскиот територијален интегритет и суверенитет, двата клучни елементи на независноста, пишува во честитката министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Таа му го честита Денот на незавинсота на Украина на својот колега Резников:
– За С. Македонија од најголема важност е давањето на поддршка за која било земја во светот во зацврстувањето на правото на самоодбрана, во име на мирот, слободата и демократијата. Борбата на украинскиот народ е борба за заедничките цивилизациски вредности, за свет каде мултилатерализмот ќе го надмине милитаризмот, пишува Петровска во честитката.
На крајот Петровска во честитката објавена на нејзиниот официјален профил на Фејсбук честита и на украински јазик:
„Вітаю з Днем Незалежності України“!