Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата Клик плус на ТВ 21 рече дека барањата за предвремени избори во ваква криза се неразумни.
– Јас не мислам дека предвремени избори и се потребни на РС Македонија, особено не во вакви кризи со кои се соочува регионот и светот, вели Петровска.
Таа додава дека барањата за предвремени избори се неразумни.
– Секогаш кога во вашата држава имате избори, без разлика дали парламентарни или локални, неколку месеци пред одржувањето, по одржувањето процесите во државата запираат, вели Петровска.
Видеото со целиот разговор може да го отворите ТУКА.