Денеска, заедно со жителите на селото Здуње, делегациjата на Руската Амбасада предводена од заменик-шефот на мисиjата Владимир Дjаков им оддаде почит на седумте партизани од Петтата прилепска и Шестата поречка бригада, кои загинаа во битката за ослободувањето на селото пред 78 години, соопшти денеска Руската Амбасада во Македонија.
Во објавата на официјалниот профил на Фејсбук се додава дека меѓу паднатите борци „е и нашиот сонародник по име Василиј“.
– Вечна им слава на храбрите херои!- се вели во објавата.