Холандската министерка за одбрана Анк Бијлевелд оцени денеска дека Холандија е во „информатичка војна“ со Русија откако во април спречила руски кибер напад. Холандската тајна служба објави вопочетокот на октомври дека воаприлпротерала четворица руски агенти кои подготвувале кибер напад врз Органзиацијата за забрана на нуклеарно оружје во Хаг.
Руските агенти поставиле возило со електронска опрема на паркинг на хотел во близина на таа организација за да хакираат нејзин информатички систем. Таа органзиација во тоа време го истражувала труењето на Сергеј Скрипал во Велика Британија за што Лондон ја обвини руската воено-разузнавачка служба.
–Тоа што се случи е навистина опасно, оцени Бијлевелд во интервју за каналот НПО1. На прашање анновинарот дали може да за се зборува за „кибер војна“,министерката одговори позитивно. Москва негира дека сакала да го хакира ОЗНО.