Членови на делегацијата на германскиот министер за финансии Олаф Шолц заглавија во Индонезија денеска бидејќи глодари изгризале кабли на владин авион за време на годишна средба на ММФ.

Шолц слетал во Берлин денеска по лет од 22 часа од Бали со префрлање во Хонг Конг и Цирих.

Членот на СДП требаше да биде во Германија што е можно побрзо поради изборите во Баварија и консултации со својата партија. Глодари, најверојатно глувци изгризале електрични кабли на авионот Конрад Аденаур, велат извори за германски медиуми.

На Шолц му било сугерирано да одбере најблиски соработници кои ќе се вратат со него и првично му било сугерирано да не го пријави случајот. Други членови од делегацијата на Шолц и околу 20 новинари останале на Бали чекајќи нови информации