Градоначалничката на Париз, Ан Идалго најави дека ќе бидат отворени градските простории за бездомници во текот на зимата, па дури и во импозантната Градска куќа во центарот на градот.

Во Градската куќа каде е сместена локалната администрација, ќе бидат отворени просотрии што може да примат околу 100 жени бездомнички. Таму ќе добијат храна и сместување. Тоа го изјави Идалго во интервју за Журнал ди Диманш.

Таа повика на општа мобилизација во текот на зимата да се сместат околу 3.000 бездомници колку шпто се проценките дека живеат на улици во градот.

Во февруари градот направи попис на бездомници кога беше утврдено дека најмалку 3.000 луѓе спијат на улици. Уште еден таков попис ќе се спроведе во градот во февруари.