Снежна бура ги зафати американските сојузни држави Колорадо и Вајоминг, каде што е формирана покривка од 30 сантиметри снег, а ноќната температура нагло се спушти.

Поради бурата се регистрирани многу сообраќајни несреќи, а поради голомразица се затворени и некои главни патишта.

Во Денвер наврна околу осум сантиметри снег, а температурата вчераноќ, помеѓу саботата и неделата, падна од 16 на минус 7 степени Целзиусови, јави агенцијата Асошиејтед прес.

Најмногу снег наврна во областа од Болдер во Колорадо до Вајоминг, како и на планината Биртут во Монатана.

Националната метеоролошка служба соопшти дека во последните 24 часа јужно од Шеридан во Вајоминг наврнало од осум до 33 сантиметри снег.

Ширум регионот е објавено предупредување за натамошни снежни врнежи.

Привремено се затворени делови од главните автопати во Вајоминг и Колорадо.