Саудиската нафтена компанија „Арамко“ соопшти за зголемување на нето добивката од цели 90 отсто во вториот квартал и рекордни полугодишни резултати.
Информацијата ја пренесе списанието „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија.
„Арамко“ соопшти дека поволните пазарни услови помогнале нејзиниот нето-приход во вториот квартал да изнесува 48,4 милијарди долари, во однос на 25,5 милијарди долари една година претходно.
Според компанијата, полугодишниот нето-приход пораснал на 87,9 милијарди долари, значително надминувајќи ги резултатите на другите големи нафтени компании, вклучувајќи ги Exxon Mobil, Chevron и BP и другите членки на таканаречениот Big Oil Club.