Војската на Украина соопшти дека руските сили во регионот на Харков претрпеле значителни загуби, поради што некои војници дезертирале и ги соблекле униформите за да не бидат препознаени од цивилите.
– Некои непријателски единици претрпеа значителни загуби, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.
– Војниците дезертираат во цивилна облека и се обидуваат да се вратат на територијата на Русија. Во текот на денот забележавме повеќе од 15 такви случаи, се додава.
Генералштабот ја повтори оценката на украинската армија дека за три дена напреднала речиси 50 километри на територијата под руска контрола и оти Русите се повлекуваат.
– Окупаторите се обидуваат да ги евакуираат ранетите војници и оштетената воена опрема во областите на населбите Вилхуватка и Бородојарска, велат од штабот.
Во изминатите 24 часа Киев повторно го зазеде градот Балаклија во Харков, кој шест месеци беше под руска окупација. Украина се приближи до важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војна (ISW) смета дека најверојатно ќе го освои во наредните денови, информира Си-Ен-Ен.
ИСВ наведува дека украинската армија веројатно ќе го заземе Купјанск во следните 72 часа, што може да доведе до сериозно, но не и целосно прекинување на руските линии за снабдување со Изјум.