Дафина СТОЈАНОСКА

Јавни пораки и благодарности за др. Вучевски. И овде нема разлика во јазик, вера или религија. Овде се работи за искрена, несебична, но и заслужена поддршка.

Иако партиска личност, ќе ризикувам да бидам и погрешно разбрана, но оној ден кога ќе сфатиме дека нема место за политика во здравството (освен место за стратегија, креирана и спроведувана од експерти), тогаш и ќе можеме да се пофалиме дека сме се надминале себеси и сите околу нас. Дотогаш, ќе се молиме на Бога и ќе се лажеме дека здравјето е најважно, знаејќи дека ни треба “пријател” и за вадење на лекарско уверение за возачка дозвола.

Мојата поддршка за др. Бобан Вучевски ја давам, меѓу останатото, и заради моето случајно запознавање со него во една приватна дружба, каде, незнаејќи кој е, ми остави впечаток за многу, ама многу, напреден, успешен и паметен млад човек.

На неколку наврати на шала имам кажано дека во оваа денешна неправда и апсурдно “водење” на држава, можеби е и знак – кога оваа криминална власт ве гони, дека вие сте правичните, затоа што власта ни е криминална. За жал, мора да ги издржиме и ќе ги издржиме, ама и ќе им вратиме, но со правда – вистинска, а не кукавичка, криминална и криминализирана.

Издржете, др. Вучевски. Со ваква јавна поддршка од вашите сограѓани Вие веќе сте без обвинение.