Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Утре и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.