Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за Иницијативата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието за да се одржи референдум и истакна дека очекуваат од владејачкото мнозинство да не се обидуваат да изнаоѓаат раноразни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа Иницијатива согласно законите и согласно Деловникот.
-Она што ние го очекуваме од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е да постапува согласно законите и согласно Деловникот односно согласно со неговите надлежности. Во текот на правењето на референдумското прашање се конслултирани голем број на правни експерти од областа. Очекуваме да не се обидуваат да изнаоѓаат раноразни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа иницијатива согласно законите и согласно Деловникот, рече Ковачки.
Ковачки во текот на своето гостување потенцираше дека власта не треба да си игра со народот и треба да дозволи да се прашаат граѓаните дали се ЗА или Против Бугарскиот Договор со цел да се види во кој правец ќе продолжи државата.
-Едно е Собрание, нема повеќе Собранија во Република Македонија, тоа се знае кое е Собранието, така да тие ако сакаат да имаат некаква политичка волја да го опструираат секако дека тоа можат да го направат, меѓутоа да не бегаат од јавноста, да не си играат со народот, значи да дозволат едно референдумско изјаснување, да ги прашаме граѓаните дали се ЗА или ПРОТИВ Бугарскиот Договор со цел да видиме во кој правец ќе продолжи нашата држава,додаде Ковачки.