Макс Верстапен е победник на 16-та трка во формула 1 шампионатот.
Светскиот шампион иако започна од седмата стартна позиција, уште во првиот круг се проби до второт место, а потоа да ја искористи и лошата проценка во тимот на Ферари кој се реши рано да го влесе Леклер во боксот.
Холанѓанецот не го препушти првото место, а во тоа му помогна и безбедносното возило коие влезе на патеката во последните седум круга и остана до самиот крај, па на крајот Верстапен стигна до својата 11-та победа сезонава, а пета во низа, оставајќи ги зад себе Леклер од Ферари и Џорџ Расел од Мерцедес кои го пополнија подиумот.
Верстапен кој е лидер во Генералниот поредок сега ја зголеми предноста во однос на Леклер на 116 бодови, односно има 125 бодови повеќе од Перез кој е трет.
Следната трка ќе се вози на 2 октомври во Сингапур.