И Левица ќе поднесе иницијатива за референдум најави денеска пратеникот Борис Крмов откако вчера потесното раководство на партијата ги разгледувало опциите за формулирање на прашањето кое ќе биде во прашална форма но со изјаснување Против.
Велат не се исклучува можноста во прашањето покрај договорот со Бугарија да бараат граѓаните да се изјаснат и против Францускиот предлог.
Од Левица велат дека до крајот на неделата или почетокот на наредната веќе ќе биде формулирано прашањето а иницијативата ќе ја поднесат до собранискиот спикер Џафери и очекуваат поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со која велат заеднички ќе влезат во уште појака и целосна блокада на законодавниот дом во сите комисии и собраниски тела, доколку Џафери повторно ја одбие и оваа иницијатива.