Бившиот министер за здравство Венко Филипче, на својот профил на Фејсбук, објави фотографија со бившиот премиер Зоран Заев и актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и за помалку од половина час доби 2.500 лајкови.
„Лопови!“ и „Мафија, самрак на светот во сабота навечер“… се дел од коментарите, но има и поздрави и честитки од верни пријатели кои коментираат со „поздрав“, „супер луѓе“, „добра екипа“ итн.
„Ај шо си бевме убавото друштво, убавото друштво сите…“, гласи еден од коментарите со рефренот од познатата македонска песна.
Интересна е фотографијата, како средношколци кои не штедат насмевка после матурска или другари на свадба, која Филипче ја објавува без никаков коментар на профилот.