Власта троши буџетски пари за морски плодови среде криза, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари на ден, се вели во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Среде тешка економска криза антимакедонската СДС безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот едвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20 илјади евра набавиле морски плодови, риба и октоподи, се вели во соопштението.
За гозбите, во време кога на народот му се порачува да штеди, власта троши буџетски пари за непродуктивни трошоци, се додава натаму во реакцијата:
– Клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата. Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи, реагираат од опозициската партија.