Тие што се сега хистерични околу сместувањето на Бугарите во Уставот и во 2001 година сееја страв дека уставните измени поврзани со Охридскиот договор ќе бидат конечниот и уништувачки удар за државата, пишува во колумна Беса Арифи, професорка во Правниот факултет на Штуловиот универзитет во Тетово.
Но, продолжува Арифи во текстот објавен во порталот на албански Порталб, државата не беше уништена, туку почна разговори со ЕУ.
„…Токму трите договори од животна важност за оваа земја не доведоа до оваа фаза да можеме да преговараме за европската иднина. Охридскиот договор во 2001 година го промени изгледот на државата. Вториот договор, склучен во 2017 година, кој е животно важен за евроинтегративниот процес, е Договорот за добрососедство со Бугарија. Токму францускиот предлог, кој што предизвика толку многу расправа и неизвесност во земјата, овозможи да започне процесот на скрининг. Врз основа на тој предлог наскоро треба да почнеме да работиме на уставните измени за сместување на бугарскиот етникум во Уставот. Третиот животно важен договор е Договорот од Преспа од 2018 година. По 27 години конфликт со Грција за името на државата, овој договор ни овозможи да се вратиме на патот на евроатлантските интеграции. Тој ни овозможи да станеме членка на НАТО и да дојдеме до денот на отворањето на разговорите за влез во ЕУ…“ пишува Арифи во колумната.
Професорката Арифи остро ги напаѓа противниците на договорот за бугаризација. Таа, како Албанка, можеби не е засегната, тие што не го прифаќаат договорот во најголем процент се Македонци, а ако Арифи ги погледнала релевантните анкети ќе види дека нивниот процент е голем. Таа за илјадници Македонци и граѓани на Македонија употребува навредлив збор „хистерици“.
„Да продолжевме да ги слушаме хистериците, немаше да ги видиме овие денови, туку ќе продолжевме да живееме изолирани, навредувани и понижени. Нив не треба да слушаме ниту сега кога почнаа овие важни процеси. Сите тие такви шират само лицемерие околу овие прашања“, пишува Арифи во колумната, сестра на поранешната министерка и поранешна градоначалничка Теута Арифи.