Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кои се на турнеја во Австралија, објавија дека го чекаат своето прво дете. Но моментот кој го избраа за да ја соопштат убавата вест, јавноста го смета за несоодветен. Многумина му забележаа на кралскиот пар, што веста за бременоста ја објави во седмица, која е посветена на родителите кои тагуваат по починатите деца.
Сите се согласуваат дека идните родители можеле да почекаат барем уште еден ден за да ја споделат убавата вест со сите. Ова не е единствената причина поради која кралскиот пар е нападнат, после објавата на вестите за новото бебе во семејството.
Имено, тие во петокот присуствувале на венчавката на принцезата Јуџин, а како што пренесува „Daily Mail“, таму се обелодениле вестите за бременоста.
Меѓутоа, тоа предизвикало вистински скандал, судејќи по тоа дека веднаш почнале да кружат коментари дека тоа не е фер од нивна страна, бидејќи, како што навеле, го „украле денот“ на принцезата Јуџин, која тој ден требало да биде во центарот на вниманието.