Долниот дом на рускиот Парламент, Думата на 29 септември ќе дебатира за присоединување на окупираните делови на Украина, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименуван извор.
Москва на 23 септември организира референдуми за присоединување со Русија во четири окупирани региони во Украина, што предизвика осуда од Киев и Западот, кои наведоа дека нема да ги признаат резултатите.
Референдуми се одржуваат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.