Еден Русин, професор по математика дошол кај старецот Николај Гурјанов заедно со неговиот пријател – Англичанец, исто така професор по математика, кој бил неверник. Русинот многу се молел на Бога неговиот колега да стане верник.
А Англичанецот си помислил: „Ако овој старец ми покаже чудо, тогаш ќе верувам.“
Кога дошле, старецот ги примил и во неговата ќелија и веднаш рекол: „Какво чудо, дете, да ти покажам?“
Тогаш дошол до прекинувачот и почна да го притиска: „Еве, сега има светлина, па нема. Пак има светлина, сега нема… Хе хе хе хе. “
Сите слатко се изнасмеале и отец Николај ги испратил гостите дома: „Одете дома деца, полека.
А Англичанецот продолжил да се смешка, мислејќи: Какви чуда можат да се случат? Па јас сум научник.
Заминале од островот, на кој живеел баќушка Николај, стигнале на копното, а таму виделе толпа луѓе, полицајци и работници кои влечеле некои кабли.
– Што се случува?! – Ма ништо, три дена нема струја на островот!
Нашиот научник во истиот момент го свртел чамецот назад.
Од руски: Свештеник Парохија Кравичка