Бугарија ја засилува бугаризацијата на Македонија и македонскиот народ, царот Борис Трети слободно ќе јава на бел коњ во Македонија, Ванчо Михајлов ќе прави Устав, а среде Скопје ќе се веат бугарски знамиња на секој наш и нивни празник, пишува Панде Колемишевски во Нова Македонија.
„Македонската Влада се согласила да се случува тоа што се случува. СДСМ е трајно онеспособен за изразување македонско национално чувство и намерно ја подведува македонската историја според советите од странците“, пишува во колумната новинарот и поранешен генерален директор на НИП Нова Македонија.
Натаму во текстот со наслов „Со дозвола на Владата, царот Борис Трети ја освојува Македонија“ пишува.
„Според прифатениот и речиси подзаборавен протокол, нашата држава гарантира за слободно остварување на правата на Бугарите во С. Македонија, за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на нивната заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница. Напишаните редови се последни реченици во протoколот потпишан со Бугарија. Тие значат дека царот Борис Трети слободно ќе јава на бел коњ во Македонија, Ванчо Михајлов ќе прави Устав, а среде Скопје ќе се веат бугарски знамиња на секој наш и нивни празник“, пишува Колемишевски.
Целиот текст во НОВА МАКЕДОНИЈА.