Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сточарите и земјоделците, истакна на денешната прес-конференција Гоце Георгиевски од комисијата за земјоделие на СДСМ.
Во продолжение интегално текстот од прес-конференцијата:
Во услови на светска економска криза, во услови кога цената на храната рапидно расте на светскиот пазар, особено важно е да се поддржи домашното производство на храна и земјоделски производи.
Кон 5.851 млекопроизводител исплатени се 89,4 милиони денари за произведено и предадено кравјо, овчо или козјо млеко за периодот јуни и јули 2021 година.
Висината на субвенциите изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта.
За производителите на мклеко обезбедивме дополнителен буџет од 140 милиони денари во Интервентниот фонд за поддршка по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.
СДСМ гради партнерски однос со сите земјоделци и преку одговорни навремени и ефикасни мерки покажува што значи вистинска грижа за земјоделството како клучна стопанска гранка.
Остануваме посветени на работа во интерес на граѓаните и домашното земјоделско производство.