топФранцускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот лидер Владимир Путин да се врати на преговарачка маса за решавање на конфликтот во Украина.
– Владимир Путин мора да ја прекине војната, да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да се врати на преговарачка маса, рече Макрон во интервју за ТВ каналот Франс 2.
Тој нагласи дека Франција не сака нова светска војна.
Претходно и Путин ја објави подготвеноста на Русија за преговори за Украина и го повика Киев веднаш да ги прекине сите непријателства. Како одговор, Владимир Зеленски рече дека Украина ќе води дијалог со Руската Федерација само кога ќе има друг претседател.