БИСЛИМОВСКИ: Граѓаните да покажат трпение ако има проблеми со парното, во Србија и во Италија е одложен почетокот на грејната сезона

/ 14.10.2022

Регулаторната комисија за енергетика ги издаде трите лиценци на АД ЕСМ за регулирано производство на топлинска енергија, за дистрибуција и за снабдување со што се исполнети сите предуслови утре на 15 октомври да се вклучи парното греење за скопјани.

Лиценцата за производство е издадена до април 2023 година, лиценцата за дистрибуција на максимален рок од 35 години и лиценцата за снабдување на максимален рок од 10 години.

– Со издавањето на овие лиценци се исполните сите предуслови за отпочнување на грејната сезона во Градот Скопје која ќе започне од 15 октомври. Сите критериуми кои важеа, ќе останат и понатаму. Температурата ќе остане 21 степен целзиусов.

Во Белград започнувањето на грејната сезона е одложено, истото е направено во Италија. Во Австрија и Швајцарија максималните температури се 19 степени, а ние остануваме на истите 21 степен и се што може РКЕ да направи, ќе направи во рамките на нормалното за да има непречено греење.

-Очекуваме дека во првичните денови со топлината ќе има вообичаени проблеми. Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Се што треба да превземе ЕСМ ќе биде преземено со цел топлината да стигне до секој стан. Очекуваме почеток на грејната сезона. Го повикуваме ЕСМ да работи во оптимален режим на работа со цел да се заштеди на гориво за производство на топлина,  истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој рече дека октомври и ноември нема да бидат проблематични месеци бидејќи се очекува да имаме повисоки температури, па неработењето на ТЕ-ТО кој се уште не може да најде поевтин гас, нема да влијае врз парното греење.

– Скопје до 2012 година се греело без ТЕ-ТО и сега ќе може. Замолувам да не создаваме непотребна паника и да не креваме хистерија кај граѓаните. Србија која има далеку пониска цена на гасот и резерви на гасот, ја одложи грејната сезона за една недела. Така што верувајте им на институциите – порача Бислимоски.


Од истата категорија